| четврток, 6 декември 2018 |

Вторпат во Скопје ќе се слави кинеска Нова година

Наредниве неколку денови официјална делегација на збратимениот град Нанчанг (Народна Република Кина) ќе го посети Скопје.

В четврток градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Веи Гуохуа, заменик-директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.

Вечерта во Македонскиот народен театар, по повод кинеската Нова Година, културниот ансамбл од Нанчанг пред присутните ќе ги презентира нивната музика и танци.

Ова е втора година по ред кинеската Нова година да биде одбележана во Скопје со голем број културни настани и манифестации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top