| четврток, 6 декември 2018 |

Првакот во Лигата на Европа ќе игра во Лигата на шампионите

Европската куќа на фудбалот размислува за поинаков и подобар третман на Лигата на Европа и од следната сезона веројатно ќе го вклучи победникот на ова натпреварување во Лигата на шампионите. Евидентно е дека ова натпреварување се наоѓа во длабока сенка на ЛШ, па откако зголемувањето на паричните награди многу не помогна, сега Мишел Платини размислува да му обезбеди место на победникот, следната сезона да се натпреварува токму во ЛШ.

-Лигата на шампионите им е многу поисплатлива на клубовите, па оттаму и интенцијата во одреден дел од првенството, повеќе да размислуваат дали ќе обезбедат настап во ова натпреварување, отколку да играат со најдобри тимови во Лигата на Европа. Мора да најдеме начин за да ги натераме да играат со најдобрите тимови. Едно од решенијата е да се понуди можност за влез во Лигата на шампионите – вели Мишел Платини.
Честопати се случува во почетната фаза од ЛЕ, поголемите клубови да играат со резервни состави, особено од посилните лиги како Италија, Англија и Шпанија, па дури откако ќе обезбедат настап во завршницата да играат со најсилните состави. Тоа, Платини и УЕФА сакаат да го променат, а мамката ќе биде место за шампионот на ЛЕ во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top