Барселона ја продолжи серијата добри резултати откако забележа победа од 0-2 на гостувањето против Леванте. Каталонците одлично го почнаа мечот, па и покрај неправедно поништениот гол на Меси продолжија со офанзива, стигнувајќи до водство благодарение на автоголот на Давид Наваро по акцијата на Иниеста и Алба.
Барса пропушти неколку шанси за втор гол, со кој би ја запечатила судбината на домаќините, но мора да се истакне дека и Леванте одигра храбро, создаде неколку опасни ситуации, а најубавата можност ја пропушти Моралес, кога од десетина метри откосо биеше само во дирекот од голот на Раул Браво. Конечните 0-2 ги постави Луис Суарез во последните моменти од мечот, по контранапад и асистенција на Лео Меси.
Каталонскиот гигант со овој триумф сега има 54 бода, три повеќе од Атлетико Мадрид, со тоа што избраниците на Луис Енрике имаат и натпревар помалку во однос на „јорганџиите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)