| четврток, 6 декември 2018 |

Дуото „Спрингфил“ промовира седум нови песни

Скопското дуо „Стрингфилд“ в петок ќе го има првиот јавен настап, на кој ќе промовира седум нови песни.

Дуото „Стрингфилд“ е основано во 2011 година кога се сретнуваат Дора Бојановска (вокал) и Александар Пешевски-Салеман (гитара) за првпат  и ја соединуваат нивната креативна музичка енергија. Истата резултира со акустичен мелодичен звук наречен „Стрингфилд“.

Дора има членувано во групите „Саундгејт“ и комплетно женскиот состав „Вивид“. Моментално е активна и во кавер-бендот „Самакутра“.

Салеман со својата авторска музика има настапувано на Скопско лето, Скопје прави музика, Фрик фестивал, Бош фестивал и други културни настани.

Нивната промоција ќе се почне во 21 часот, петок 19 април, во скопското кафуле  „Ли“, каде што трае изложбата „Music & Movies Inspiration“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top