| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци со победа во Бања Лука

Ракометарите на Вардар остварија убедлива победа на гостувањето во Бања Лука совладувајќи го синоќа Борац со 42:31. Со овој триумф Вардар повторно изби на чело на табелата во СЕХА лигата пред првакот Веспрем.
Најефикасен на дуелот беше Тимур Дибиров со 7 голови, додека по шест постигнаа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев.
Денеска се играат три натпревари, а „вардарци“ повторно ќе бидат на терен. Вардар ќе има уште едно гостување кај Нексе, додека вториот македонски тим Макс Струмица ќе гостува кај шампионот Веспрем. Во третиот натпревар Татран Прешов е домаќин на Мешков Брест.
Табела: Вардар 37 бодови, Веспрем 34, ППД Загреб 30, Татран Прешов 27, Мешков Брест 24, Нексе 21, Војводина 11, Борац 10, Спартак 10, Макс Струмица 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top