| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона на гости кај Кастро

Еден од најголемите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона изминативе неколку дена претстојуваше на Куба, каде што оствари средба со неговиот пријател Фидел Кастро. Познанството на Марадона со поранешниот претседателот на Куба датира од 1986 година кога Аргентинецот за првпат беше во оваа земја. Марадона е поврзан со Куба и по неговиот престој во 2000 година, кога таму се лечеше од зависност од дрога. Ликот на сега веќе 87-годишниот Кастро е истетовиран на едната нога на контроверзниот Аргентинец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top