Хуманост од мали нозе. Неверојатниот Јован, осумгодишното момче кое свиреше на плоштадот „Македонија“ во Скопје и собирашепари за малата Ели е инспирација за нова акција. В сабота од 11 часот на плоштадот „Македонија“, ќе му се придружат уште дечиња со цел да се соберат средтсва за лекување на малата Ели.
Марио и Лео Матеа, Калина и Андреј на возраст до 8 години заедно ќе се обидат да соберат средства за лекувањето на Ели! Јован повторно ќе свири, а децата ќе продаваат колачиња со инспиративни пораки!Дојдете и донирајте за Ели.
Јован собра точно 8.774 денари кои веднаш ги донираше на сметката за лекување на малата Ели, со помош на неговата мајка.
После тоа композиторот и сопственик на музичкото студио „Ентерпрајз“, Валентино Скендеровски, му додели доживотна стипендија за да учи да свири на гитара.
Осумгодишната Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.
Се донира на следниве броеви: 070/143-111, 077/143-775 и 075/143-114, како и на денарска сметка 300001000024155, Комерцијална банка, Елена Додевска и девизна сметка Dodevska Elena, IBAN: MK07300307063080823, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, KOMERCIJALNA BANKA.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
„Проект среќа“: Бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца во социјален ризик
-
Погба ги повика Фејсбук следбениците заедно да го прослават роденденот со донирање средства
-
Да му помогнеме на дедо Киро, тој е на работ на егзистенцијата!