Аналитичарот, правник и поранешен јавен обвинител Сотир Костов во синоќешното гостувањето во ТВ Нова истакна дека Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева не знаат да се постават кон јавноста, кон фелата.
-Отворија фронт со државното обвинителство, како тргнало ќе отворат фронт и со судството. Треба да се каже дека јавен обвинител кој сериозно работи, кој е стручен, си ја знае струката не може да дава изјави додека не спакува еден предмет, аргументи, докази, факти, одам на суд. Тоа е првата фаза кога може нешто да каже. Ги гледаме филмовите од Запад, не случајно е немам коментар. Што да коментира, а сега се случило кривичното дело. Ние сме соочени со состојба кога не знаеме ни дали се случиле кривични дела. Некои две личности си правеле муабет на телефон, сега за сега се единствени таканаречени докази и слушаме последните денови е актуелно некој некого гони да дава изјави и се прави циркус од поимот заштитен сведок – вели Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.