Во врска со обвинувањата од страна на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изнесени во изјава за медиуми, а во врска со наводни приходи од Владата на РМ, Прва Република ДООЕЛ Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини на непостоечки приходи кои беа искористени во конотација да се наруши угледот и имиџот на медиумот. Прва Република ДООЕЛ бара од СДСМ, но и од сите медиуми кои ја пренесоа изјавата да го објават демантот во целост и да се извинат за изнесените лаги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.