Двегодишниот О.Н. од Прилеп рано изутрината е пронајден мртов во каналот со вода во прилепската населба Тризла.
Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска – Илиоска, вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.
– Вчера во 15.30 часот родителите на двегодишниот Омер пријавиле дека исчезнало нивното дете. Потрагата по детето траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело од членови на семејството е пронајдено изутрината, во 6.30 часот во каналот со вода што се протега од Марковите кули кон населбата Тризла. Било удавено и со лицето кон водата во каналот – изјави Салатоска – Илиоска.
Јавниот обвинител побара да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на двегодишното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.