Прекрасната Мерилин Монро била позната по своите прекрасни усни, кои секогаш биле покриени со совршена црвена боја.
Но, славната убавица совршениот изглед не го постигнувала за секунда. Нејзиниот шминкер користел неколку нијанси црвена боја за да постигне совршен впечаток на усните, подготвени за бакнеж.
Со малку труд, и вие можете да имате усни како Мерилин, потребни се два кармини, молив за усни, четка, сјај и балзам.
1. Опцртајте ги усните со молив потемна црвен боја.
2. Користејќи посветла црвена боја, исполнете ја внатрешноста на усните.
3. Со трета нијанса на црвена – најсилна која можете да ја најдете, помешајте ја потемната и посветлата боја кои веќе се најоѓаат на усните.
4. Додадете малку сјај на средината на усните
5. Ако усните ве затегаат поради премногу боја, намачкајте ги со малку балзам за усни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.