Со векови сме фасцинирани од смртта, што се случува кога ќе дојде по нас и што нѐ очекува во задгробниот живот, доколку постои.
Еден човек веќе умрел, и тоа два пати, на околу две минути во двата случаја – еднаш во сообраќајна несреќа и еднаш од предозирање со аналгетици. Тој ги сподели своите искуства со светот:
Изгледа дека чувството на смртта е многу попразно отколку што мислите, нешто како „спиење без сон“.
– Немав поим, само црна празнина. Без мисли, без свест, ништо. Двата пати едноставно „не бев таму“. Сѐ беше црно. Како кратка дремка без сон, се будите и се чувствувате како да сте спиеле многу долго, а всушност поминале само 15 минути. Ако лекарите не ми кажеа ништо, би претпоставил дека само накратко сум заспал.
– Знаете дека сте спиеле некое време, а во исто време не можете да се сетите дека нешто сте искусиле. Да, искусив нешто, а тоа нешто беше – ништо.
– Првиот пат беше секунда пред несреќата и единствена работа во мојот ум беше ‘О, не’. Вториот пат немав поим. Имав ужасни болки и одеднаш сѐ престана, немаше ништо, немаше живот. Потоа се разбудив и повторно чувствував болка.
– Дефинитивно сега помалку се плашам од смртта. Сега знам дека таа не е ништо полоша од спиење. Кога ќе умрете, само престанувате да постоите, ништо околу што би требало да се плашите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.