| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда стигна и од Манчестер Сити, Пелегрини си оди, а Гвардиола доаѓа

gvardiola

За тренерската смена на крајот од сезоната во редовите на Манчестер Сити стигнува потврда и од „Етихад“.
Мануел Пелегрини, актуелниот стратег на Манчестер сити по крајот на сезоната ќе си замине од таборот на „граѓаните“.
Чилеанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ седна во 2013 година, а освои две титули – Премиерлигата (2014) и Лига купот (2014). Тој одлучи по крајот на актуелната сезона да си замине од клупата на „граѓаните“, а негов наследник ќе биде шпанскиот тренер Пеп Гвардиола.

mancester siti

– Манчестер сити може да потврди дека ги договоривме деталите со Пеп Гвардиола да биде нов тренер на нашиот клуб од сезоната 2016/17. Договорот е на три години – стои во соопштението на Манчестер сити.

Во тимот на „граѓаните“ искусниот Гвардиола ќе пристигне од Баерн Минхен. За Пелегрини, пак, се шпекулира деќа ќе продолжи во Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top