Друштвото за издавачка дејност МАКЕДОНИКА литера од Скопје, неодамна ја објави книгата „Студии за хералдиката во Македонија“ од д-р Снежана Филипова.
Книгата содржи стручни и научни сознанија и анализи од областа на историјата на уметноста, фокусирани врз хералдиката во средновековните уметности и археолошките наоди откриени во последните години во Македонија.
Овој труд дава значаен придонес во афирмирањето на македонското уметничко и интелектуално наследство. Во ова издание се содржани шест значајни научни трудови кои третираат процеси, како и case studies во историјата на уметноста на средновековна Македонија на синтетичен и компаративен начин. Хералдиката во Македонија е согледувана во поширок контекст – првенствено балканскиот, но и европскиот хералдички контекст. Откривањето на најстарите хералдички грбови од 12 век од Св. Пантелејмон во Нерези и нивно детално интерпретирање како и разоткривањето на портретите на Комненовската династија во ликот на светите воини, е голем придонес на авторката за поместување на датирањето на најстарите грбови во Европа, односно воведување на Македонија во светската мапа на хералдички земји.
Книгата е богато илустрирана и е целосно печатена во боја.
Снежана Филипова е професор на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста со археологија, каде што ги предава предметите Средновековна европска уметност, Хералдика и Методологија на историјата на уметност. Магистрирала на ЦЕУ во Будимпешта, а докторирала на Филозофскиот Факултет во Белград на тема „Рановизантиски капители во Република Македонија“.
Објавила неколку монографии за средновековната уметност и повеќе научни трудови посветени на хералдиката во Македонија. Учествувала на голем број научни собири и остварила повеќе специјалистички и студиски престои во странство. Како визитинг професор одржала предавања на неколку факултети во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски