| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот готвач на светот пронајден мртов

Готвачот Бенои Виолер, чијшто ресторан во Швајцарија во декември беше прогласен за најдобар на светот, најден е мртов во својата куќа, пренесуваат светските медиуми.
Benoit-Violier_3564115b

Тој водеше ресторан во близина на Лозана, кој имаше три ѕвезди на „Мишелин“, а, според информациите на полицијата, 44-годишниот Виолер, најверојатно, си пукал во главата.

Виолер, денеска требало да го промовира новиот водич на „Мишелин“.

2043062895

Готвачот почина шест месеци по смртта на неговиот ментор и претходник во ресторанот, Филип Роша, кој починал од компликации по пад од велосипед.

Виолер работел во ресторанот „Ресторан де хотел Де Вил“, од 1996 година, за во 2012 година да го откупи заедно со сопругата.

12345567

il21gensrochat

frontteaser-benoit-violier-koch-des-jahres-2013-gault-millau-das-muessen-sie-wissen-146006

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top