| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена му остави порака на Ѓоковиќ: Сфатив колку ми недостасуваш!

gjokovikj-se-svrshi-so-jelena-ristikj-151387

Јелена Ѓоковиќ напиша интимна честитка до нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ, во која таа открива детали од нивниот приватен живот..

– Три недели, сме раздвоени, но за два дена повторно ќе бидеме заедно. Ние сме навикнати на раздојување, а збогувањата ни паѓаат многу тешко, бидејќи двајцата сме премногу зафатени и независни. Деновите многу брзо поминуваат, ние сме фокусирани на работа и добро сите овие години функционираме. Но, кога треба да се вратиш дома јави дека си седнал во авион, тие неколку часа изгледаат како цела вечност! Тогаш, всушност, сфаќаме колку си недостасуваме еден на друг! Лет од Мелбурн трае цел ден! Браво, љубов моја! Мојата страст, благороден шампион! Мој победник на Австралија опен по шести пат! – напиша Јелена и во својата интимна порака, која го разнежи целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top