| четврток, 6 декември 2018 |

Кој очекуваше, Германија преку Шпанија до европскиот трон

2016 European Men's Handball Championship

Германија е нов европски шампион во ракомет! Младите момчиња предводени од луцидниот Исланѓанец на клупата Дагур Сигурдсон во големото финале на Европското првенство во Полска во Таурон Арената во Краков ја понижи Шпанија со 24-17 (10-6). а Германија ова е 11 настап на европските шампионати и втора шампионска титула. Првата Германците ја освоија во 2004 година на ЕП во Словенија. Ова е и големо враќање на Германија на европската сцена. Како куриозитет, на претходното ЕП 2014 во Данска, Германците не беа ни меѓу 16 репрезентации што настапија на завршниот турнир, а две години подоцна се враќаат и тоа директно на победничкиот пиедестал.

2016 European Men's Handball Championship

Во прв план беше одбраната, „панцерите“ беа вистински бедем пред голот на Андреас Волф, а тој пак непрестано ги фрустрираше Шпанците. Мечот почна со 5-1, „Фуријата“ се мачеше се до седмата минута кога го постигна првиот гол и тоа од пенал, се до 17. минута се чекаше на третиот гол на избраниците на Каденас. И ако во овие моменти од мечот на голот на Шпанија не беше расположениот Арпад Штребик разликата можеше да биде многу поубедлива.
Носителот на сребрениот медал мака мачеше да го најде голот на неприкосновениот Волф на голот кој е прогласен за најдобар на овој шампионат и оттука само шест погодоци во првите 30 минути и само 24 проценти реализација. о исто темпо Германија го почна и вториот дел. Цврстата сигурна одбрана и зрелата рационална игра на младите германски ракометари во нападот беше изненадување и за Каденас и за искусниот шпански состав. Шпанците делуваа невообичаено немоќно против младоста и полетот на германскиот тим и неверојатниот Волф на голот. Избраниците на Сигурдсон, ја одржуваа опредноста од 4-5 гола и со сигурен чекор грабеа кон триумф за европска титула. А, како што се приближуваше крајот на големтото финале, така растеше сигурноста и прецизноста на германските ракометари. Апсолутна доминација и голем триумф на младоста над искуството со 24-17 во големото финале на ЕП во Полска за втора европска титула на Германија.

2016 European Men's Handball Championship

Каи Хефнер со седум гола беше најефикасен игра во составот на Германија во мечот за титула, а Андреас Волф заврши со 16 одбрани на голот на новиот европски шампион. На спротивната страна, Раул Ентрериос постигнаа пет гола, а Арпад Штербик запиша 14 одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top