| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер го урива клупскиот рекорд со Лоик Реми

loik remi

Откако Челси го доведе Пато на шестмесечна позајмица, јасно беше дека Лоик Реми ќе има се помала минутажа во тимот на актуелниот шампион на Англија.
Тоа сака да го искористи лидерот на табелата во премиерлигата, Лестер кој испрати понуда до лондонскиот тим за услугите на напаѓачот во висина од 15 милиони фунти, што е рекорд на клубот во историјата.
Како што пренесуваат британските медиуми, Челси ја прифатил понудата на Лестер од 15 милиони евра, која доколку се оствари ќе биде најголе трансфер во историјата на клубот.
Се оечкува Реми во текот на викендов да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договор со Лестер. Деталите од договорот не се познати.
Инаку, исто така и желбата на Реми беше Лестер, со кого ќе се обиде да ја одбрани лидерската позиција во лигата и да ја освои Лигата на шампионите.

Лестер е лидер на табелата со три бода повеќе во однос на Арсенал и Сити

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top