| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од уметниците од ДЛУБ во Прилеп

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва, 29 јануари, од 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од уметниците од ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници од Битола).

Ќе бидат изложени дела од 17 уметници членови на ДЛУБ, меѓу кои Драган Најденовски, Димитар Солакоски, Панде Петровски, Данчо Ордев, Павле Кузманоски, Ема Ќука, Илија Кочовски, Стефан Цигаридов, Дејан Кратевски, Мирјана Крстева Масети.

Љубителите на ликовната ументост ќе имаат можност да проследат дела изработени во најразлична техника – масло на платно, цртежи, колажи.

Изложбата на дела од ДЛУБ е дел од програмата за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за годинава одобрена од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top