Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз (ДС) Павле Трајанов денеска до Парламентот достави Предлог на закон за определување минимална плата во износ од 300 евра.
– Демократскиот сојуз смета дека доколку се зголеми минималната плата од 9.500 на 18.000 денари, ќе биде основа за отворање расправа за тоа колку се платени вработените во нашата земја и како е можно во другите држави, земји членки на Европската унија, за иста работа, вработените да бидат платени десетпати повеќе, колкав приход остваруваат компаниите, дали се води сметка за стандардот на вработените, рече на прес-конференција Трајанов.
Од ДС предлагаат буџетска поддршка за компаниите од текстилната и други индустриски гранки, компании, кои поради објективни пазарни услови не се во можност да остваруваат приходи за да исплатат минимална плата.
– За буџетска поддршка на домашните компании ќе се обезбедат средства во износ од околу 50 милиони евра, првенствено преку силни антикорупциски мерки, рационализација на непродуктивните трошоци, намалување на разликата во цените од јавни набавки, укинување на репрезентацијата на функционерите и сл., информираат од ДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.