Вчера во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, Австралија, владиката Петар со турканици и викање го избркал верникот Никола Ставрески, сопственик на порталот Фаланга.
– Тргни се Јудо – му порача Петар на Ставрески, кој целиот конфликт го сними со камера.
Ова е само еден од многуте скандали во кои е вмешан владиката Петар.
Тој неодамна се обиде да го расчини игуменот Гаврил во Австралиско-новозеландската епархија, на што се спротивстави струмичкиот митрополит Наум со повлекување на одлуката за канонскиот отпуст на отец Гаврил. Владиката Тимотеј веќе одамна е на страната на Македонската заедница во Австралија која е во децениски конфликт со Петар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)