| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал во македонска црква во Австралија – владиката Петар се степал со верник (ВИДЕО)

Вчера во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук, Австралија, владиката Петар со турканици и викање го избркал верникот Никола Ставрески, сопственик на порталот Фаланга.

– Тргни се Јудо – му порача Петар на Ставрески, кој целиот конфликт го сними со камера.

Ова е само еден од многуте скандали во кои е вмешан владиката Петар.

Тој неодамна се обиде да го расчини игуменот Гаврил во Австралиско-новозеландската епархија, на што се спротивстави струмичкиот митрополит Наум со повлекување на одлуката за канонскиот отпуст на отец Гаврил. Владиката Тимотеј веќе одамна е на страната на Македонската заедница во Австралија која е во децениски конфликт со Петар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top