| четврток, 6 декември 2018 |

Хмирова успешно оперирана

hmirova

Ракометарката на ЖРК Вардар, Татјана Хмирова, имаше успешна операција на коленото, во Аугсбург, Германија, објави клубот на својот официјален сајт. Таа имаше болки во десното колено поради таканаречениот „плика синдром“ и почетни промени во рскавицата и затоа требаше да се оперира. Првичните проценки се дека ќе отсуствува околу пет седмици, што значи дека ќе ја пропушти главната фаза од Лигата на шампионите.

Вардарки првиот меч по паузата ќе го имаат на 6 февруари, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува шведскиот тим Савехоф.

Фото: www.zrkvardar.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top