| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ призна дека не го интересира ДИК, туку сака контрола врз медиумите

Politika82-sdsm-1

Опозицискиот СДСМ призна дека не го интересира Државната изборна комисија, туку воспоставување контрола врз медиумите што ги напаѓа дека се нејзини непријатели. Предлогот на СДСМ дека ја прифаќа методологијата за избирачкиот список само ако владејачката ВМРО-ДМНЕ ги прифати измените на Законот за медиуми, кој во суштна е предлог со кој СДСМ сака да ја задуши медиумската слобода, не е ништо друго туку правење на пазар.

„А каков е овој компромис? ДИК ја прифатил методологијата на независно тело предводено од нивни кандидат? И тоа за нив е отстапка?“ напиша на социјалните мрежи новинарот Цветин Чилиманов.

Опозицијата измислува услови за подоцна да остави простор да се пазари за работи што и нејзе ѝ се важни. Тоа индиректно значи и признавање дека намерно се запира ДИК, преку креативни предлози, кои суштински ништо нема да подобрат, туку се користат како средство за пазарење. Ова го покажува неискрениот однос на СДСМ кон ДИК, а со самото тоа и за организирање на фер и демократски избори, кои СДСМ ги користи како флоскула и параван.

И познавачите на состојбите по вчерашната одлука на СДСМ да ги повлече своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на избирачкиот список, доколку другите учесници во преговорите се подготвени да ги прифатат предлозите на меѓународната заедница за реформа на медиумскиот сектор, коментираат дека ваквиот чекор само јасно ја покажува намерата на опозицискиот СДСМ – контрола врз медиумите. Според нив ова е само доказ дека методологијата всушност не е проблем и намерно ја кочи постапката. ДИК има опција да ја земе предвид оваа изјава на СДСМ, дека СДСМ всушност нема проблем со избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top