| четврток, 6 декември 2018 |

Пет клучни фактори за спречување срцев удар

 удар

Многу пати досега стручњаците потврдиле дека пет промени во животните навики би можеле да спречат дури 80% од срцевите удари! Според новата студија на Институтот Каролинска, промената во одредени животни навики може драстично да го намали ризикот од инфаркт. Претходната студија од 2004 година, која го истражувала ризикот од срцеви болести во над 50 земји во светот, открила дека 90% од срцевите болести може да бидат во потполност спречени со промени во животните навики и исхраната.

Еве пет клучни совети како да ги намалите шансите за инфаркт…

1.Здрава исхрана

2.Физичка активност

3.Одржување здрав обем на половината

4.Умерено конзумирање алкохол (најмногу 10-30 милилитри дневно)

5.Избегнување тутун

Која храна е добра за срцето?

Повеќето луѓе не знаат дека транс мастите и рафинираните јаглехидрати се поштетни од заситените масти. Оваа заблуда влијаеше и на индустријата на производство на храна, која започна да произведува хрна со низок степен на масти и да ги заменува здравите заситени масти со штетни транс масти, рафинирани шеќери и процесуирана фруктоза. Овој пристап доведе до зголемен број на гојазни луѓе и поголем број лица со кардиоваскуларни заболувања…

Исхрана за совршено здраво срце

Најважно што треба да направите е да ги избегнувате транс мастите и да ја елиминирате од исхраната преработената храна. Ова вклучува и храна од поголемиот број ресторани. Ако сакате да го намалите ризикот од срцеви заболувања, избегнувјте шеќер, процесуирана фруктоза и житарки. Јадете што повеќе сирова органска храна, а јагленохидратите од житарките заменете ги со голема количина зеленчук и органско месо. Најдобар извор на здрави масти се: авокадото, сировите млечни производи, кокосот и кокосовото масло, органски јајца, масло од органски јаткасти плодови, сирови јаткасти плодови, семки, органско месо…

Дали треба да јадете повеќе овошје?

Според студиите, луѓето кои редовно јадат овошје имаат 40 отсто помали шанси да развијат кардиоваскуларно заболување, а 32 проценти помали шанси да развијат други заболувања. Овошјето е богато со антиоксиданси и други хранливи супстанци кои влијаат на подобрувањето на здравјето и спречуваат воспаленија. Меѓутоа и овошјето треба да се јаде умерено,, особено она кое е слатко, затоа што високото ниво на фруктоза влијае лошо на срцето.

Лекови

Неодамнешните истражувања покажале дека одредени лекови за дијабетес имат поврзаност со намалувањето на нивото на хормоните кои ја стимулираат штитната жлезда, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и срцеви заболувања. Друго истражување покажало дека некои лекови за дијабетес 2 кои го снижуваат нивото на глукоза во голема мера го зголемуваат ризикот за смртност од кариоваскуларно заболување.

Избегнете да станете дел од статистиката за инфаркти

Најлошо што можете да направите за себе е да чекате да се појават симптомите на срцево заболување за нешто да преземете. Веднаш преземете ги следните чекори за да го заштитите вашето срце и да избегнете трајни оштетувања:

-избегнувајте ги сите видови на шеќери ако сте отпорни на инсулин и лептин

-јадете непреработени заситени животински масти

-немојте да седите повеќе од три часа дневно – вежбајте редовно

-внесувајте оптимална количина од витамин Д

-одете боси на земја колку што можете почесто

-намалете го нивото на стрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top