По поразот од Белорусија во последниот натпревар на Европското првенство во Полска, Македонија го заврши настапот без ниту една победа и со тоа завршува на 11.место на овој шампионат.
Играчите по слабата престава против Белорусија видливо беше разочарувањето на сите репрезентативци, а натурализираниот Македонец Немања Прибак изјави дека со толку големи осцилации во играта неможе да се стигне до победа.
– Не може да се каже дека немавме жар. Мора да се види натпреварот на видео, да се види каде грешевме. Секако дека многу осцилиравме во формата, и на овој меч, и на целото Европско првенство. Тоа ни се случува секој меч и нѐ чинеше многу. Денес игравме пет минути добро, десет лошо, така не може да се победи – изјави Прибак по натпреварот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.