Англискиот премиерлигаш Челси е во интензивна потрага по квалитетен напаѓач кој ќе ја засили конкуренцијата во навалната линија, со оглед дека Радамел Фалкао подолг период е повреден, а и Диего Коста и Еден Азар често отсуствуваат поради истите причини. Менаџерот Гус Хидинк побара уште едно решение, и тоа би можело да биде навистина големо изненадување. На „Стемфорд бриџ“ сериозно размислуваат да го вратат Робин ван Перси во Премиер – лигата, кој сега настапува за Фенербахче, а претходно беше дел од Арсенал и од Манчестер јунајтед.
Ван Перси не се снаоѓа најдобро во Турција, посебно со начинот на живот во оваа земја, па неговото семејство не би имало ништо против да се врати во Англија. Лондон секако е одличо решение, а и дресот на Челси е повеќе од примамлив за Ван Перси, кој првично би дошол како позајмен играч до крајот на сезоната.
Другата опција за Челси останува Александре Пато, кој од Бразил повторно би се вратил во Европа, овојпат во Премиер – лигата, откако своевремено имаше одлични моменти во Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.