Том Харди е актерот кој им краде воздишки на жените ширум светот. Иако денес има милиони неговото детство не беше ниту малку лесно.
Том Харди одигра впечатливи улоги во „Бетмен“ и „Лудиот Макс“, беше опасно момче кое им беше пример на многу тинејџери, а девојките воздивнуваат. Тој во реалниот живот не е ниту приближен тип со ликовите кои ги глуми.
-Да глумиш негативец е сигурен влез во светот на фантазијата. Фасцинирам сум од човекот кој кажал дека ќе го прилагоди светот на своите потреби, наместо да се менува себе си поради целото општество. Јас сум актер, не криминалец. Сепак, доколку облекувам костими на негативци, навистина ме интересира како тие се однесуваат – изјавил Харди.
Том бил доста проблематичен во детството, а се започнало на 11 години кога полицаец го фатил како дува лепак.
-Бум! Тогаш сфатив каде ќе најдам забава – навел актерот.
До 13 години преминал на халуциногени дроги, а неколку години потоа е исфрлен од училиштето во Сури поради кражба. Малку пред полнолетството имал испади со алкохол, крек дури и со кокаин, проблеми со законот, а бил и апсен.
Кулминација на неговиот бурен живот се случила во 2003 година кога во Лондон бил пронајден онесвестен од кокаин како лежи во крв и повраќаница.
-Би ја продал и мајка ми во тие моменти само за да дојдам до дрога. Тоа беше лекција, на чекор до смртта ја најдов мојата нова сила. Единственото што ме чуваше во тие моменти беше глумата, сакав татко ми да биде горд на мене. Глумата беше тука, бев добар во тоа и решив дека ќе успеам. Бев среќен поради тоа што заработувам доволно за да преживеам – нагласил Харди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





