| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведува најсекси актерот во Холивуд

Холивудската ѕвезда Ченинг Тејтум сношти и соопшти на јавноста дека се разведува од сопругата Џена Дуан, по девет години брак.

Сопружниците (и двајцата на возраст од 37 години) ја објавија заедничката одлука на своите инстаграм профили. Во образложението се наведува дека „ја снемало љубовта во нината врска“, и дека двајцата сега се „на различен пат“. Ченинг и Џена беа во брак од 2009 година, и имаат ќерка – Еверли Елизабет Мајсел родена во 2013 година.

Пред бракот со ѕвездата на 21 Jump Street и Логан Лаки, Џена Дуан беше најдобро позната како танчарка на видео спотови на повеќе музички ѕвезди, но и по врската со Џастин Тимберлејк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top