Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо со 3-0 (6-3,6-2,6-4) во сетови славеше победа во четвртфиналето на Австралија Опен над Јапонецот Кеи Нишикори и со тоа си закажа полуфинален двобој со Роџер Федерер.
Ѓоковиќ седумиот меѓусебен дуел со Нишикори го реши за нешто повеќе од два часа, а победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Ѓоковиќ и Нишикори претходно последен пат се сретнаа на завршниот Мастерс во Лондон, на затворањето на минатата сезона, кога Србинот славеше со 6-1,6-1.
Првото полуфинале кое по сите критериуми е финале пред финале вљубениците во тенисот ќе можат да го проследат в четврток рано наутро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.