| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со амбасадорот на Кина во Македонија

zaev

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на НР Кина во Р.Македонија, Зеншун Вен.

Тема на средбата беше актуелната политичка ситуација во Македонија и продлабочување на односите на Р.Македонија со Народна Република Кина.

-Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, причистувањето на Избирачкиот список и регулација на медиумите. Очекуваме независната институција задолжена списокот, Државната изборна комисија во скоро време да излезе со проценка на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на Избирачкиот список, соопшти претседателот Заев.

На средбата стана збор и за добрите пријателски односи помеѓу Р.Македонија и НР Кина и за можностите на продлабочување на соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top