Хрватската манекенка Нина Мориќ овој викенд престојуваше во Сплит, каде на саемот на венчаници носеше венчаница вредна 11.000 евра.
Со неа во Хрватска допатува и нејзиното 11 години помладо момче Луиџи Марио Фаволосо, а парот, судејќи според фотографиите кои ги објавуваат, слободното време го поминува во кревет, а оваа фотографија е направена откако воделе љубов.
Нина и Луиџи минатата година имаа криза во врската, откако според пишувањата на некои медиуми, раскинале бидејќи Луиџи се гледал со уште некои девојки. Според овие фотографии, кризата е далеку зад нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




