| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардашијан ослабе13 килограми по породување со ова диета (хит диета на Холивуд)

Ким Кардашијан се породи на петти декември , а веќе успеа да намали 13 килограми. Сега откри и со која диета успеа да ги постигне овие одлични резултати.

2ef05eff00000578-0-image-a-12_1448914978655

Станува збор за популарната Аткинс диета со која Ким и порано  успеваше да дојде до идеална тежина. Имено  , старлетата им се пожали на обожавателите на Твитер дека за време на втората бременост се здебелила 27 килограми како и дека пред тоа имала 5 килограми вишок  и дека сега планира да ги намали сите. За почеток намалила 13 килограми , а диетата продолжува.

кимкимким7

Е сега и ја откри тајната за нејзината диета која во продолжение ви ја пренесуваме., а тајната  е едноствана – тотално исфрлање на јагленохидратите :

Screenshot_2

За слабеење без гладување – Аткинсонова диета без јаглени хидрати и мени кое ќе ви го олесни процесот

Оваа диета се состои од внесување на намирници кои содржат голема количина на протеини, со незабележителен процент на јаглени хидрати, па токму од таму доаѓа и второто име – диета без јаглени хидрати. Оваа диета најчесто ја применуваат лица кои сакаат да ослабат повеќе килограми за пократок период.

Теоретско објаснување за функционирањето на диетата

Кога преку храната го елиминираме внесот на јаглени хидрати во организмот, црниот дроб ги претвора масните наслаги во гликоза. Како споредни производи од тој процес се добиваат токсични кетони кои го намалуваат апетитот од што се јаде помалку , па настапува губење или намалување на телесната маса.

ВАЖНО! Бидејќи во оваа диета не е земен во предвид внесот на витамини, Д-р Роберт Аткинс препорачува внесување на витамински таблетки кои ќе го надополнат очигледниот дефицит на витамини и минерали.

Во оваа диета внесот на протеини не е ограничен, можете да јадете колку сакате, што сакате и кога сакате, но само од дозволената листа на јадења.

Критички осврт на Аткинсоновата диета

Оваа диета има предизвикано бројни контраверзии. Некои истражувања покажуваат дека долготрајно спроведување на диетата (оптимално е 14 -15 дена) доведува до мрзеливост, умор и безволност. Промени на расположението повеќе се забележуваат кај жените. Исто така, ризици се зголемена содржина на триглицериди во крвта, како и зголемена содржина на заситени масни киселини. Посебно треба да внимаваат луѓето кои патат од хипогликемија (недостаток на шеќерот гликоза во крвта) бидејќи нивното тело не може така брзо да произведе гликоза која е потребна за задоволување на функционалните потреби на мозокот и мускулите, што резултира со изненаден умор, па дури и бесвесна состојба.

Од друга страна, постојат и бројни истражувања кои докажуваат дека Аткинсоновата диета е најделотворна за губење на килограми во споредба со три контролни диетални режими на исхрана.

Со оваа диета нема да бидете гладни, не морате да јадете три пати на ден, не мора да ја мерите храната и посебно да ги спремате оброците, ниту морате да пиете апчиња или чаеви против апетит.

Дозволена храна:

  • Пилешко (секакви парчиња месо  како што се: пилешки џигери и срца, стек, копани, крилца и слично)
  • Телешко и јунешко (секакви парчиња телешко и јунешко месо)
  • Свинско (секакви парчиња свинско месо)
  • Јагнешко, гускино, паткино, мисиркино месо, месо од дивеч
  •  сите видови на изнутрици, сушено месо, колбаси и месен нарезок.
  • Риба (слатководна, морска – лосос, скуша, ослич, панга, морски плодови – јастог, сурими, лигњи, шкампи итн.) и рибини конзерви
  • Јајца
  • Супа ( можете да ја правите од комбинации на месо, морков, брокула, пашканат, карфиол, магдонос)
  • Зеленчук (модар патлиџан, тиквички, лук, кромид, зелка, спанаќ, домати, краставици, пиперки, праз, салатки, марули, ротквици, печурки, магдонос, целер, ајвар итн)

Подготовка: Јајцата, месото и рибитесе подготвуваат на сите начини – печени, пржени, варени по ваш избор. Салатите можете да ги јадете свежи зачинети со сол, киселина и масло, а останатиот зеленчук да го приготвувате по желба – дозволено е и додавање на зачин. За супата можете да комбинирате месо и зеленчук и ќе добиете одличен вкус.

 

Препорачливо:

  • 2л вода + 1 лимон на ден
  • 1 шолја зелен чај (без шеќер)
  • Други чаеви во количина по желба (можете да засладите со натрен/сахарин)
  • мултивитамини (барем по 1 шумлива или друг вид мултивитаминска таблетка или витамините А, Б, Ц, Е, калциум и магнезиум.)

 

Дозволени течности:

  • Кафе без шеќер (можете да засладите со натрен/сахарин)
  • Кисела вода
  • Бело вино до 0,5 л после прва недела

 

Забрането е: леб, компир, брашно, ориз, соја, грашок, презла, поховано месо, тестенини, кикиритки, било какво овошје, јаткасти плодови, виршли, запршка, било какви слатки, чоколади, никакви грицки, сладолед, ниту еден вид на сирење итн. Се јаде само она што е дозволено.

 

Посветете внимание на следното:

Од дозволената храна јадете колку сакате и кога сакате! Но, ако внесите и најмала количина на јаглени хидрати, било тоа да е парче леб или друга ситница со јаглени хидрати процесот на слабеење се стопира, затоа што се блокира топењето на масните наслаги. НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДИ ХРАНА КОЈА СОДРЖИ ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ!

Оваа диета можете да ја држите толку дена колку што сакате да ослабете, меѓутоа наша препорака е 15 до 20 дена максимално, со задолжително дополнително земање на витамините спомнати погоре. Ако се придржувате точно најверојатно за 15 дена би ослабеле 4-5 кг.

ВНИМАНИЕ и НАПОМЕНА: Оваа како и секоја друга рестриктивна диета не е за секого! поради поголемата количина на протеини, доколку се одлучите да ја држите консултирајте се со лекар. Посебно важно да посетат лекар е за луѓето кои имаат здравствени проблеми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top