Тијана Дапчевиќ со посебен режим на исхрана ослабе околу 20 килограми, но доби нови проблеми. Сега, вели, мора да ја менува гардеробата со оглед на тоа дека и е голема и дека во неа наликува на наркоман, пренесе српскиот весник „Ало!“.
-Имам проблеми што премногу ослабев. Изгледам како костур, како наркоман, Боже, прости ми. Го променив режимот на исхраната, речиси ништо не јадев и ете, сега сум преслаба- вели таа, па веднаш наоѓа решение за проблемот.
-Сега веќе одам во шопинг и купувам нови работи, веќе се подготвив за лето- изјавила низ смеа пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.