Во популарните кукли од цртаниот филм „Маша и медо“, санитарните инспектори од Црна Гора пронашле недозволена количина фталат, кој предизвикува неплодност и може да го загрози здравјето на децата.
Куклите Маша се повлечени од црногорскиот пазар бидејќи за време на контрола на безбедност на пластичните играчки кај пет примероци од оваа кукла се востановило дека содржи хемикалија фталат во количина над пропишаното ниво (0,1 отсто), пренесуваат регионалните медиуми.
Покрај оваа кукла, концентрација поголема од дозволеното на оваа хемикалија е пројадена и во сет на пластични пајчиња, музичка кукла и, пластична кукла диверсити „фешн“ и гумена играчка „бабле тојс“ со потекло од Кина.
На пазарот се пронајдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите ги преземаат сите мерки за неодложно повлекување од промет и отповикување (повлекување) од потрошувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.