| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечена од продажба: куклата Маша содржи хемикалии опасни за децата

Во популарните кукли од цртаниот филм „Маша и медо“, санитарните инспектори од Црна Гора пронашле недозволена количина фталат, кој предизвикува неплодност и може да го загрози здравјето на децата.

3e1b17d03de6c1d8a8ea1777f50b3737-pic700-700x467-696

Куклите Маша се повлечени од црногорскиот пазар бидејќи за време на контрола на безбедност   на пластичните играчки кај пет примероци од оваа кукла се востановило дека содржи хемикалија фталат во количина над пропишаното ниво (0,1 отсто), пренесуваат регионалните медиуми.

Покрај оваа кукла, концентрација поголема од дозволеното на оваа хемикалија е пројадена и во сет на пластични пајчиња, музичка кукла и, пластична кукла диверсити „фешн“  и гумена играчка „бабле тојс“ со потекло од Кина.

072dd2f9d46ab6802ef30652fd2e1433

На пазарот се пронајдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите ги преземаат сите мерки за неодложно повлекување од промет и отповикување (повлекување) од потрошувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top