Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ најави дека портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова ќе дојде на Гуча и дека веројатно ќе им се обрати на посетителите на собирот на трубачи, на 10 август.
По тој повод шефот на руската дипломатија овие денови има тешка работа, а тоа е да осмисли што ќе и подари на гостинката од Русија.
-Се и подарив, веќе не знам што да и подарам – рекол Дачиќ гостувајќи на ТВ Пинк и додал дека уште треба да смили активности и програма за портпаролката на руското министерство за надворешни работи.
Веројатно треба да го состави и репертоарот на песни кои ќе и ги пее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.