| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските ракометари губат со четири разлика на полувреме од Хрватска

Македонската машка ракометна репрезентација губи си 13-17 на полувреме од Хрватска во првиот меч од Групата 1 на Европското првенство кое е во тек во Полска.

Одбраните на хрватскиот голман Мирко Алиловиќ во првите 20 минути од првото полувреме и неколкуте технички грешки на македонските ракометари беа причина за лошиот почеток на најдобрите македонски ракометари на континеталното првенство во мечот со Хрватска. Првиот гол Македонија го постигна во 5. минута преку Наумче Мојсовски и дури по шест минути игра пивотот Стојанче Стоилов го постигна вториот погодок за Македонија во 11. минута. Даниел Дупјачанец го замени Борко Ристовски на голот, одбрани неколку топки, а потоа крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски ја намалуваа разликата на Хрватите. Манасков е најпрецизниот во македонскиот тим со шест гола, а не смеат да се заборават двата проектила на младиот Филип Кузмановски, кој влезе на местото на Мојсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top