Агенцијата за електронски комуникации од денеска почнува со мерења на квалитетот на услугите од телекомуникациските оператори.
Новата мерна опрема е поставена на Зајчев Рид и со неа АЕК ќе ги мери сите параметри на услугите што ги даваат операторите.
Опремата ќе биде промовирана денеска, а на презентацијата ќе присуствува директорот на АЕК, Роберт Орданоски.
Со новиот правилник на АЕК, операторите треба да исполнуваат минимум параметри на услугите што им ги даваат на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.