Филип Миркуловски е задоволен од исполнувањето на целта, сега следат нови три меча во втората фаза на ЕП.
„Знаевме дека ќе биде ова најтешкиот натпревар. Иако претходно игравме со Франција и со Полска, ова беше мечот на одлука. Цел натпревар да се игра гол за гол, не е лесно. Психолошки многу исцрпува. Но, издржавме, успеавме да постигнеме гол на крајот. Овој меч го доби нападот“, изјави Филип Миркуловски.
Тој додаде – знаеме секого да победиме, не знаеме и од секого да изгубиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.