| четврток, 6 декември 2018 |

Косово нема да го продолжи дијалогот со Србија додека ЕУ не ги укине визите

isa MustafaКосовскиот премиер Иса Мустафа нема да се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ се додека ЕУ не ги укине визите за косовските граѓани, иако средбата меѓу двајцата премиери е планирана за крајот на месецов.

Ова го изјавил советникот на косовскиот премиер, Бајрам Гецај, нагласувајќи дека тоа е ставот и на целата Влада, која очекува претставниците на ЕУ да покажат разбирање.

Приштинските медиуми соопштија дека Мустафа ја информирал за своите намери и директорката на ЕУ за Западен Балкан и Турција, Ангелина Ајхорст.

Тој нагласил дека косовските институции ги исполниле сите критериуми и препораки на Унијата за визна либерализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top