Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ се додека ЕУ не ги укине визите за косовските граѓани, иако средбата меѓу двајцата премиери е планирана за крајот на месецов.
Ова го изјавил советникот на косовскиот премиер, Бајрам Гецај, нагласувајќи дека тоа е ставот и на целата Влада, која очекува претставниците на ЕУ да покажат разбирање.
Приштинските медиуми соопштија дека Мустафа ја информирал за своите намери и директорката на ЕУ за Западен Балкан и Турција, Ангелина Ајхорст.
Тој нагласил дека косовските институции ги исполниле сите критериуми и препораки на Унијата за визна либерализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба