Дваесет и тригодишниот Филип Стојаноски го фати светиот крст од водите на базенот при хотелот „Сонце“ Прилеп.
Стојаноски беше најсреќен од 80-те учесници при положувањето на крстот на Богојавление-Водици, меѓу кои беа и пет девојки, а учесниците на возраст од 11 до 35 години. Стојаноски четврти пат учествува, но првпат годинава стигна до светиот крст.
– Многу сум среќен и на сите им го честитам големиот празник. Учествувам четири пати и прв пат го фатив крстот. Очекувам дека среќата ќе ме следи цела година, мене и моето семејство, рече среќниот Стојаноски.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески во име на локалната самоуправа на најсреќниот прилепчанец му даде златен крст и други подароци.
– Традицијата е длабоко вкоренета во опстојувањето на нашиот народ, во неговата вера и овој голем празник и годинава го славиме достојно, особено што имаше и огромен број учесници, рече Ристески, посакувајќи им среќа и здравје и на среќниот Филип Стојаноски и на сите учесници.
Во хотелот „Сонце“ беше промовира книгата „Света Петка“ од прилепчанката Наде Караџоска, која низ фотографии и текст го следи градењето на црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила низ сите седум години, колку што траеше изградбата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.