Кога доаѓа до поимањето на сексот, веднаш се соочуваме со прашањата на културата. Ако во некое општество појасот околу гениталиите е покриен, тогаш имаме работа со култивирана заедница на мажи и на жени. Ова, сигурно, реферира на првородниот грев, кога „змијата“ ѝ го дава својот плод на Ева, која, пак, го убедила Адама да го проба и, така, паднале во некаква блудна екстаза, а кога по некое време дошол Господ и ги разбудил прашувајќи ги што направиле, тие ужасно се засрамиле од својата голотија, па скинале смоквини листови и ги покриле срамните делови со нив.
Епилогот на оваа епизода од библиската историја на човекот е веќе позната. Изгонувањето од Еденската градина е првиот и најужасниот пад на човековото битие, кое во остатокот од времето е осуден на големи маки и смрт, конечно.
Всушност, низ овој религиозен мит или, ако сакате, вистина, затоа што митот не е ништо друго, освен една концентрирана и сублимирана вистина, ја гледаме ужасната сила на сексуалниот порив, кој е во состојба и смртта да ја прифати како казна за неспоредливото задоволство на оргазмот.
И, токму во тие структури на општествениот живот, девствената природа, таа праисториска сила на репродуктивниот нагон, борбата за доминација и за експанзија има свој недопирлив азил, еден остров на сосема поинакви закони од тие во екстерниот свет, закони што ја делимитираат силата на егзистенционалната стихија на еросот. Во оваа надреална зона на постоењето, силата на имагинацијата се остварува во својата најрудиментарна форма. Тоа е вулкан од биоенергии, кои еруптираат од изворот на екстазата и со себе ги носат сите товари на менталниот и на физичкиот дел од човековото суштество. А, потоа, доаѓа тој агониски дел, кој во посторгазмичкиот период добива конотации на блаженство и на ослободеност.
Овој феномен го имаат детектирано многу култури во историјата на цивилизациите и, сообразно на нивниот куриозитет или ригидност, создале одреден тип релации и параметри или, пак, парадигми во однос на сексуалноста.
Во некои општества и култури сексуалноста добивала поетско-естетски димензии, а односот кон еротиката и практикувањето сексуални задоволства било третирано на наклонет, терапевтски или, едноставно, на беневолентен начин.
Од друга страна, пак, има општества во кои отвореното манифестирање на еротиката и наклонетоста кон сексот се смета за сериозен криминален акт, кој подразбира сурови казни.
Во историјата на западната култура, односот кон еротиката и сексот поминувал низ неколку цивилизациски епохи.
Од примитивен и анимален, во времето на праисторијата, до отворен, афирмативен и естетизиран, во времето на антиката, па редукционистички и потиснат за време на средниот век, век на феудално-теократски системи на владеење во Европа, па, потоа, со надоаѓањето на ренесансата и со афирмацијата на природните науки и убавите уметности, повторно доаѓа до едно децентно и поетско ослободување на сексуалноста во општествените релации на западната култура. Сетете се само на сите тие голи тела што ги сликаа генијалните уметници на високата ренесанса, како Микеланџело или Тицијан, или, пак, на ласцивната литература на неверојатниот Џовани Бокачо или Франческо Петрарка, со својата несомнено сензуална лирика.
И, целата оваа, од денешна перспектива, во голема мера потценета сексуална револуција, која почнала пред пола милениум, ги трасирала правците на движење на поимањето и манифестирањето на сексуалните релации. Во натамошниот развој на глобалната западна култура, со одредени репресивни и редукционистички односи кон сексуалноста, какви што се појавија во некои, веќе изолирани, пуритански групации, еротиката стануваше сѐ поотворена, поексплицитна и поинтерактивна.
Така, денес, во ретроспекција, имаме веќе половина милениум континуирана еволуција на сексуалната култура, овде, во западната цивилизациска хемисфера. Таа еволуција имаше постојани еротски проблесоци, кога одеднаш се создаваше поволен амбиент за ескалација на сексуалните слободи.
Во текот на 19 и на 20 век сексуалноста почна да се појавува во многу сегменти во животот на западниот човек. Прво, ова ослободување дојде од енциклопедистите и од рационалистите, преку натуралистите и дијалектичарите од секаков вид. Романтизмот, кој како виор ги зафати големите европски култури по наполеоновите освојувања, создаде поволни состојби за едно големо просветлување на еротиката и на сексот.
Сите други трендови и стилови во западните култури што го наследија романтичарскиот занес, какви што беа реалистите и импресионистите, но најмногу модернистите, со голем ентузијазам го пропагираа сексот.
Со развојот на кинетичките и на аудиовизуелните методи, какви што беа филмот, радиото, телевизијата и интернет, сексуалноста стана сеприсутна и суперкомерцијална стока. Да не ја заборавиме сексуалната револуција од шеесеттите години од минатиот век, која на западната култура ѝ го забрани правото на цензура, кога се работи за еротиката и за сексот.
Сексуалноста во западната цивилизација има своја посебна историографија и култност, има своја музеологија, порноиндустрија и комерцијална проституција. Западниот маж или жена можат брзо да ја решат својата сексуална исфрустрираност, доколку се консумерски ориентирани.
Но, што е со тие култури, кои не ни мрднале од состојбите што владееле во средниот век по прашањата на сексуалноста, какви што се денес муслиманските општества од Блискиот Исток и од северна Африка?
Овие презервирани бастиони на редукционизмот, по прашањата на еротиката и на сексот, доживуваат стравотни нарушувања и хаос, кога во услови на глобализацијата на медиумите и на неверојатната дистрибуција на информации ќе се соочат со западната експлицитна еротика, кога во нивниот дијапазон на интерес ќе влезат порнографските информации, какви има со тони по „мрежата“.
Тогаш средновековниот и систематски цензурираниот ум на еден маж од овој шеријатски дизајниран свет на целосен предбрачен целибат, може да експлодира во една голема и нескротлива опсесија, да ги вкуси придобивките на овој сексуален рај, каков што се западните општества.
Затоа тоа безумно и опасно патување на глутниците муслимански емигранти кон Запад. Да се населат во светот на бескрајните оргазми на западниот свет.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.