Македонската репрезентација не успеа да стигне до првите бодови на ЕП во ракомет во Полска. Ракометарите изгубија и на вториот меч од ова првенство, овојпат од домаќинот Полска со 23:24. Иако во првото полувреме Македонија покажа одлична игра и го доби првиот дел со два гола разлика (13:11), во вториот дел падот во играта ги чинеше пораз.
Полска успеада го израмни резултатот уште во 36 минута, повторно да израмни во 40 минута, за после седум минути игра да поведе со два разлика. Полскиот голман Шмал беше расположен за бранење, македонските ракометари нмеаа среќа, Кире ЛАзаров промаши два седмерци што резултираше со пораз. Во последните минути, иако нашите ракометари губеа со четири разлика успеаа да се вратат во игра. Последните 30 секунди Македонија ја имаше топката, а семафорот покажуваше само гол разлика. Но ракометарите не успејаа да ја искористат шансата за нерешен резултат. Најефикасен на мечот во Македонскиот состав беше Кире Лазаров кој постигна осум гола, три од седум метри. Миркуловски петпати се запиша на листата на стрелци,Прибак трипати,Георгиевски и Митков двапати, а по еден гол постигнаа Манасков, Стоилов, Филип Лазаров и Стојанче Стоилов. Борко Ристовски имаше десет одбрани. Кај Полска најефикасен беше Сипржак со 6 гола. Шмал забележа 11 одбрани.
Со ова во последното коло Македонија влегува без бод исто како и Србија. Македонија има гол разлика (- 8 ), а Србија (-11). Воедно ова е прва победа на Полска над Македонија. Утре е слободен ден, а во вторник на Македонија ќе игра против Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.