| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино

przino propadnati pregovori (3)

Еврокомесарот Јоханес Хан испрати порака до сите партии да останат посветени на договорот од Пржино.

По синоќешните преговори, Хан потенцира дека е убеден  дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април.

Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.

СДСМ е единствената партија која ги напушти преговорите барајќи изборите да бидат одложени, додека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА стојат зад договореното, односно изборите да се одржат на 24-ти април.

– Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино, рече синоќа Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top