Еврокомесарот Јоханес Хан испрати порака до сите партии да останат посветени на договорот од Пржино.
По синоќешните преговори, Хан потенцира дека е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април.
Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите.
СДСМ е единствената партија која ги напушти преговорите барајќи изборите да бидат одложени, додека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА стојат зад договореното, односно изборите да се одржат на 24-ти април.
– Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино, рече синоќа Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.