| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометно ЕП за мажи: Македонија рамноправен противник на Франција

По првите 30 минути Македонија одигра нерешено, 12-12 со актуелнот машки ракометен европски, светски и олимписки првак Франција на штотуку почнатото Европско првенство (ЕП) во Полска. Македонските ракометари играат во Краков, а во група се уште со Србија и домаќинот Полска.

Во првиот дел Македонија беше рамноправен противник со Франција, која на ова ЕП во Полска допатува во подмладен состав.

Со голот од пенал на македонскиот капитен Кирил Лазаров Македонија поведе со 1-о и го отвори мечот во кој до 18. минути имаше неколку израмнувања. Во овој период треба да се одбележат двете контри на Дејан Манасков, како и головите на Лазаров.

По пауза од шест минути со голот на Филип Миркуловски во 27. минута Македонија го намали водството на Франција на 11-10, а со голот на десното крило Гоце Георгиевски, Македонија израмни на 11-11.

Не е лесно да се даде гол на најдобриот голман на светот Омејер, а на 100 секунди до крај Франција беше со двајца играчи помалку на терен. Манасков успева да го израмни резултатот на 12-12, но штета, на 40 секунди до крајот на првиот дел Омејер го одбрани ударот на Манасков. Тоа беше удар за водството на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top