| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху: Изјавата на шведската министерка е „шокантна и неморална“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро реагирше на изјавата на шведскиот министер за надворешни работи Маргот Валстром за испитување на најновите убиства на Палестинците„ означувајќи ја како барање „надвор од законот“.

Шведската министерка побара и соодветна истрага за убиените Палестинци.

Ваквата изјава на министерката, Нетанјаху ја означи како „шокантно сурова, неморална и глупава“.

Од октомври, кога главно млади Палестинци и израелски Арапи, почнаа со ножеви и со огнено оружје да напаѓаат невооружни израелски цивили во Ерусалим, на Западниот Брег и во делови од Израел, беа убиени 26 Израелци и 155 Палестинци и Арапи израелски државјани.

Според израелските безбедносни власти, далеку најголемиот број од убиените биле вооружените напаѓачи.

Зборувјќи на средба со странски новинари, израелскиот премиер грубо и замери на Валстром, потсетувајќи дека луѓе цивили беа напаѓани и дека тие се бранеле за да не бидат убиени.

– Дали според министерката на Шведска, сега треба да се отвори истрага и за убиентите напаѓачи во терористичките напади во Париз, или за оние во Сан Бернардино во САД, рече премиерот Нетанјаху.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека и натаму останува блокадата за шефот на шведската дипломатија за посета на Израел, обвинувајќи ја Маргот Валстром за „охрабрување на тероризмот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top