| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика денеска светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина и порача дека САД би требало да ја поништат одлуката за признавање на тој град како престолнина на Израел.

Обраќајќи се пред насобраните на самитот на муслимански лидери во Истанбул, Ердоган, минатонеделната одлука на Вашингтон за признавање на Ерусалим за главен град на Израел ја нарече награда за израелските терористички дела, како и дека тој град претставува црвена линија за муслиманите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top